4 friends playing cards on a table, laughing, with whiskey glasses
4 friends playing cards on a table, laughing, with whiskey glasses

[Verse 1]

​Ко сенки низ светот низ села и градови,

секој со својот товар, и личните падови.

Но штом ќе дојде денот, штом стрелката ќе се спои,

се бришат сите стресови, пак журка се крои

​[Verse 2]

​На масата стар чаршав, а на него спомени,

овде сме имуни на светот и неговите промени.

Секој носи своја лузна, свој успех и свој пораз,

но тука маската паѓа, тука се гледа чист образ.

​[Bridge 1]

​Светот со години, нè прави луѓе од камен,

но овде уште гори истиот стар пламен.

Не се плашиме од времето, ниту од неговиот заб,

додека за оваа маса секој е еднакво слаб.

​[Chorus]

​Шпилот е ист, само рацете се малку потешки,

ги делиме деновите, и убавите и грешните

Истите шеги лечат рани што живот ги отворил,

како никој од нас никогаш да не заминал.

Ние сме сидро во ова бурно и матно море,

браќа по спомени со години малку нагоре

​[Verse 3]

​Дома нè чекаат обврски, и фамилија

Тука бељот маваме, наша религија

Картите се симбол за секоја наша битка,

Ова е живот и тој не е коцка

​[Verse 4]

​Не ни требаат зборови, доволен е поглед,

да се вратиме назад, не ни треба двоглед

Времето минува и ракијата тече

вечерва шпилот се меша и во градите пече

​[Bridge 2]

​ утре пак ќе нè чекаат аеродроми,

и ќе нè кршат пак нови бури и громови.

Но коренот е тука

Овде сум под матично

.

​[Chorus]

​ Шпилот е ист, само рацете се малку потешки,

ги делиме деновите, и убавите и грешните

Истите шеги лечат рани што живот ги отворил,

како никој од нас никогаш да не заминал.

Ние сме сидро во ова бурно и матно море,

браќа по спомени со години малку нагоре

​[Outro]

Истата маса, истата игра

До следната дружба

Поздрав другари

Шпил

Приказна за група пријатели што се сретнуваат еднаш годишно за да играат Бељот едно деноноќие. Носталгична и меланхолична песна што раскажува за длабоко пријателство неоштоварено со дистанца и време.

Поздрав другари!